Go Back

Kолачиња од Бадеми

Овие мали, но софистицирани колачи не само што ќе го привлечат вашето внимание поради својот изглед, тие имаат и неверојатна лесна арома. Глазурата е неопходна за да се добие финалниот вкус.
Порции 2 лица
Подготовка 30 mins
Готвење 10 mins
Вкупно Време 40 mins

Состојки

За Глазурата:

  • 3 чаши шеќер во прав
  • 1/4 лажичка екстракт од бадем
  • 2 лажици вода
  • 1/4 чаша растопен путер
  • 1/2 чаша исечени бадеми

За Филот:

  • 1/4 чаша омекнат путер
  • 1 1/2 чаша шеќер во прав
  • 1 јајце на собна температура
  • 1 лажичка екстракт од бадем
  • 120гр. крем сирење

За Тестото:

  • 2 чаши брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1/2 лажиче сол
  • 1 чаша омекнат путер
  • 4 лажици ладна вода

Инструкции

  • Загрејте ја рерната на 175 степени. За да го направите тестото, измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Измешајте го путерот и матете додека смесата не се соедини. Додадете ја водата и продолжете да мешате додека тестото не се соедини во топче. Од тестото правете мали топчиња ги редете на плех обложен со фолија и оставете го настрана додека го подготвувате филот.
  • За филот, измешајте ги путерот и крем сирењето заедно додека смесата не се изедначи. Додадете го јајцето, шеќерот во прав и екстрактот од бадем. Мешајте повторно додека смесата не стане кремаста. Ставете лажица по една лажица од филот на секое од топчињата тесто. Печете 20-22 минути или додека не поруменат.
  • За глазурата, помешајте заедно шеќер, путер, вода и екстракт од бадем. Откако ќе се изедначат и додека колачињата се уште топли, нанесете им ја глазурата одозгора и посипете со исечени бадеми.
Calories: 480kcal
Cost: 500 ден.
Course: Dessert, Side Dish, Snack
Cuisine: American
Keyword: Bakery, Quick Meal