Go Back

Свинска Kременадла со Jаболки и Палента

Порции 4 лица
Подготовка 20 mins
Готвење 10 mins
Вкупно Време 30 mins

Состојки

  • 4 свински кременадли
  • 4 јаболки, излупени и исечени на четвртини
  • 1 стапче цимет
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 3 стапчиња мајчина душица
  • 80гр путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ чаша мала палента
  • чаша супа од зеленчук
  • 1 рузмарин
  • 1 лажица диви зачини
  • 1 лук
  • 50гр путер
  • 50гр пармезан

Инструкции

  • Најпрвин напрскајте сол и бибер врз свинското месо. Потоа ставете маслиново масло на загреана тава и пржете го свинското месо неколку минути од двете страни. Кога ќе биде доволно испржено извадете го месото од тавата и оставете го да стои.
    Во истата тава, додајте ги јаболката, циметот, шеќерот и путерот и оставете ги да крчка сѐ додека јаболката не ја сменат бојата и не омекнат. Откако јаболката ќе омекнат, полијте ги со јаболковиот оцет. Прелијте ги кременадлите со смесата што ја добивте..
    Во длабок сад ставете вода да зоврие, па потоа ставете ја супата од зеленчук, мешавината од зачини, и лук и варете. По неколку минути варење отстранете ги зачините. Потоа додадете ја палентата и мешајќи варете ја 5 минути да се згусне.
    Додадете путер и пармезан, сол и црн пипер.
    Послужете ја палентата на чинија, а потоа ставете ги кременадлите заедно со карамелизираните јаболка.
    Добар апетит!
Calories: 553kcal
Cost: 500-1000 ден
Course: Main Course
Keyword: Meat