Go Back
5 from 1 vote

Турски Kолач со Tаан

Порции 20 парчиња
Подготовка 30 mins
Готвење 30 mins
Вкупно Време 1 hr

Состојки

  • 3 јајца
  • 500гр интегрално брашно 
  • 1 мала лажичка прашок за печење
  • 375гр кафеав шеќер
  • 125мл вода
  • 125мл млеко
  • 125мл маслиново масло
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • 1 мала лажичка цимет
  • 4-5 капки лимон
  • 375гр сецкани ореви
  • 1 мала тегла таан
  • сусам, чиа, ленено семе, чоколадни топчиња (доколку сакате)

Инструкции

  • Најпрво во длабок сад помешајте ги јајцата со шеќерот. Потоа додајте ги млекото, маслиновото масло, водата, екстрактот од ванила, циметот и на крај додајте 4-5 капки лимон. Мешајте додека смесата не се соедини.
  • Потоа додајте го брашното и прашокот за печење и повторно мешајте за да добиете смеса со погуста конзистенција. Во овој дел може да додадете чиа, чоколадни топчиња или ленено семе.
  • Калапот се премачкува со путер и се налепува со сусам.
    Ставете ја смесата во калапот и печете 30 минути на температура од 180°C.
    Откако ќе се испече, оставете го колачот околу 20 минути да се олади. Потоа извадете го, насечете по линиите на калапот и полијте го со таан.
    Добар апетит.
Calories: 254kcal
Course: Десерт
Cuisine: Турска
Keyword: десерт