Go Back
5 from 2 votes

Ролнички со Цимет

Порции 4 лица
Подготовка 20 mins
Готвење 25 mins
Вкупно Време 45 mins

Состојки

За Тесто:

  • 1кг брашно
  • 1 ванила пудинг
  • 2 пакетчиња сув квасец
  • 30гр шеќер
  • 100мл млака вода
  • 1 мала лажица сол
  • 2 јајца
  • 100гр путер

За Фил:

  • 100гр путер
  • 300гр кафеав шеќер
  • 20гр цимет

За Прелив:

  • 100гр крем сирење
  • 150гр шеќер во прав
  • 1 ванила екстракт
  • 50гр путер
  • млеко по потреба

Инструкции

  • Сварете го пудингот според инструкциите на ќесичката и оставете да се олади.
  • Помешајте го сувиот квасец со шеќерот, солта и млаката вода и оставете да набабри.
  • Во квасецот додајте ги оладениот пудинг, јајцата, растопен путер и брашно и замесете меко тесто. Оставете истото да отстои на топло место.
  • Размесете го и оставете да отстои уште еднаш.
  • Развлечете го тестото во кора со дебелина од 0.5 центиметри.
  • Растопете го путерот за филот и во него додајте цимет и кафеав шеќер. Мешајте за да се добие хомогена смеса.
  • Распоредете го филот по целата кора и замотајте ја како ролат. Исечете го ролатот на парчиња и наредете rи на хартија эа печење.
  • Оставете да отстојат уште еднаш, па печете на 180 степени околу 20-25 минути или додека не добијат златно-жолтеникава боја.
  • Во меѓувреме, со миксер искомбинирајте ги крем сирењето, путерот, шеќерот во прав, екстрактот од ванила и малку млеко во густ прелив.
  • Откако ролничките со цимет ќе се оладат, прелијте ги со преливот и уживајте.
Calories: 436kcal
Course: Десерт