Go Back
5 from 1 vote

Филети од Лосос во Рерна

Порции 2 лица
Подготовка 10 mins
Готвење 10 mins
Вкупно Време 20 mins

Состојки

  • 250гр. лосос филети ( 2 парчиња )
  • 1 гранче рузмарин
  • 1 лимон
  • 1 лажица сенф
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 шака свеж магданос
  • 1 чешне лук

Инструкции

  • Најпрво, ставете го лососот на хартија за печење, посолете. наросете мелен црн бибер, сок од лимон, маслиново масло, гранче рузмарин за дополнителен медитерански вкус и ставете да се пече. На лосост му се потребни само 8 до 10 мин готвење на претходно загреана фурна.
  • Додека рибата се пече, спремајте го сосот со магданос. Во блендер ставете ги магданосот, лукот, сенфот, маслиновото масло и лимонот. Лимонот може да го додадете цел, со претходно отстранета кора или исцеден како лимонов сок. Блендирајте околу една минута, додека смесата не стане кремаста. Откако лососот ќе биде готов, премачкајте го со сосот од магданос. Ние го сервиравме со печени компири и моркови зачинети со сол, куркума и копар.
  • Чаша ладно бело вино перфектно одговара со овој оброк. Мал совет од нас: Ставете ги чашите за вино во замрзнувач околу 30 минути пред пиење, за вашето вино да биде ладно подолго време.
    Добар апетит!
Calories: 412kcal
Course: главно јадење
Keyword: лосос, риба