Go Back

Смуди со банана малини и аронија

Порции 1 лице
Подготовка 5 mins
Готвење 5 mins
Вкупно Време 10 mins

Состојки

  • 2 банани
  • 150 мл јогурт (вода, домашен кефир или млеко)
  • 1/2 филџан малини (или било какво замрзнато овошје)
  • 10 зрна аронија
  • 4 супени лажици овесни снегулки
  • 1 мала лажица чиа семе
  • 1 мала лажица мелено ленено семе

Инструкции

  • Ставете во блендер 1 ½ банана (другата половина ќе ја искористиме за одозгора), малините и аронијата (пожелно е неколку да оставете за декорирање), овесните снегулки, чиа и лененото семе и на крај јогуртот.
    Блендирајте 2 до 3 минути додека сите состојки не се соединат и смесата не стане кремаста. Потоа истурете во длабока чинија и декорирајте со кругови банана, малку замрзнато овошје и чиа семе.
    Можете слободно да експериментирате со состојките. Може да додадете путер од кикирики, мед, урми, бадеми, лешници и што ли уште не. Бидете креативни и уживајте во понеделникот!
Calories: 214kcal
Course: појадок
Keyword: смуди, смути