Go Back

Пилешка Салата со Бејби Спанаќ и Калинка

Порции 1 лице
Подготовка 10 mins
Готвење 10 mins
Вкупно Време 20 mins

Состојки

  • 1 пилешки стек (200 gr)
  • 2 шаки бејби спанаќ
  • половина калинка
  • 1 лажица тостирани семки од тиква
  • 1 лажица сушена брусница
  • 2 лажици урда
  • маслиново масло
  • балсамико крем
  • сол и бибер

Инструкции

  • На среден оган, загрејте грил тава со малку маслиново масло.
  • Зачинете го стекот со сол и бибер и ставете го на тавата. Печете од двете страни по 5 минути, но зависи до дебелината на стекот.
  • Стекот откако ќе се олади 2-3 минути исечете го на парчиња.
  • Во голем сад измешајте ги сите состојки за салатата заедно со стекот и оставете малку калинка, брусница и урда за декорација одозгора. На крај, наросете ги семките.
  • Зачинете по вкус и пропрскајте со маслиново и балсамико крем.
Calories: 350kcal
Course: salata, салата
Keyword: pilesko, salata