Go Back

Падобранците на Ена

Подготовка 30 mins
Готвење 30 mins
Вкупно Време 1 hr

Состојки

Тесто:

  • 250 гр ореви
  • 500 гр шеќер
  • 7 белки
  • 1 ванила или 1 лаж.екстракт од ванила
  • 1 лаж. брашно

Фил:

  • 7 жолчки
  • 150 гр чоколадо
  • 150 гр путер
  • 50 гр шеќер во прав

Инструкции

  • Во тава на тивок оган се ставаат претходно измелените ореви заедно со шеќерот и ванилата, сето тоа се промешува континуирано за да не дојде до згрутчување на шеќерот, во смесата ги додаваме 6те белки и мешаме континуирано додека не се соедини. Така со постојано мешање смесата ќе стане течна и ја тргаме на страна, тогаш ја додаваме и последната белка и откако сето тоа добро ќе се соедини на крај се додава една лажица брашно само за да ја потенцира густината.
  • Во голема тава обложена со хартија за печење ставаме по една лажичка оформувајќи ги падобранците. Орентационо од оваа доза излегуваат околу дваесетина колачи, плус минус некоја. Печеме 15 минути на 180 степени притоа не ја отвараме рерната за време на печењето.
  • Во меѓувреме путерот оставен на собна температура го матиме со шеќерот во прав до добивање кремаста текстура. Чоколадата ја топиме на пареа и во неа ги додаваме жолчките, мешаме непрекинато и оставаме да се олади. Изладената чоколада ја соединуваме со путерот и мешаме до изедначување на содржината, оставаме во фрижидер половина час. Испечените падобранци исто така ги оставаме да се оладат, а потоа ги филуваме со филот и повторно ги ставаме во фрижидер да одморат околу половина час. Ена успешно си ја заврши нејзината мисија, сега е редот на вас.
Course: Десерт
Keyword: padobranci, десерт