Go Back

Пилешко Мексиканско Тавче

Порции 4 луѓе
Подготовка 20 mins
Готвење 45 mins
Вкупно Време 1 hr 5 mins

Состојки

  • 500 гр. пилешки гради
  • 1 црвена пиперка (бабура)
  • 2 лаж. маслиново масло
  • 1 кромид
  • 2 лаж. сол
  • 2 лаж. црн бибер
  • 2 лаж. чили во прав
  • 2 лаж. куркума
  • 2 лаж. оригано
  • 100 мл. кисела павлака
  • 150 мл. салса
  • 50 мл. солена хопла
  • 100 гр. кашкавал
  • 2 лаж. целер
  • 65 гр. тортиља од хељда

Инструкции

  • На загреана тава ставете масло и пропржете го исечканиот кромид и пиперка.
  • Исечкајте ги пилешките гради во мали ленти, додадете ги во тавата и гответе се додека не биде добро испечено и ровко месото.
  • Откако ќе завршите со подготовка на месото, додатете ја киселата павлака , салсата и зачините и мешајте се додека не се изедначи смесата.
  • Тргнете ја тавата од оган, посипете хопла на површината и изрендајте го кашкавалот одозгора, потоа ставете го во претходно загреана рерна и печете го околу 15 минути на 180°С.
  • Исечете ја тортиљата на триаголници и распоредете ги подеднакво на хартијата за печење во тава и печете во рерна неколку минути, потоа наредете ги по површината и послужете.
Course: главно јадење
Cuisine: Mexican
Keyword: pilesko, пилешко