Go Back

Чоколадни Колачиња

Подготовка 30 mins
Вкупно Време 30 mins

Состојки

  • 50гр бадеми
  • 50гр ореви
  • 50гр лупени непечени кикирики
  • 4 лажици кокос
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 70гр растопено црно чоколадо 70% какао

За Декорација

  • 50гр растопено црно чоколадо
  • 2 лажици растопен путер од кикирики

Инструкции

  • Во длабок сад ги ставаме кокосот, мелените јатки и го додаваме медот, путерот од кикиритки и растопеното чоколадо, мешаме се додека не добиеме соединета смеса. Смесата ја ставаме во калапи за колачи или слободно исплескајте ја во тавче, а потоа исечете ја на коцки. Колачите ги ставаме во замрзнувач 20 тина минути за да се стегнат.
  • Во меѓувреме растопуваме 50 гр црно чоколадо со неколку капки маслиново масло и ги прелеваме колачите, потоа враќаме пак во замрзнувач. На крај растопуваме путер од кикирики и си играме со лажичката врз колачите. Вратете ги во замрзнувач уште неколку минути, а потоа се спремни за јадење.
    Уживајте во вкусот и не заборавајте да ги споделите искуства доколку ги подготвите.
Course: Десерт
Keyword: десерт, колач