Go Back

Фокача со Каламата Маслинки и Рузмарин

Подготовка 1 hr 10 mins
Готвење 30 mins
Вкупно Време 1 hr 40 mins

Состојки

  • 300гр бело брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • 2 лажици сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 60мл маслинов зејтин
  • 200мл вода (собна температура)
  • 100гр исецкани каламата маслинки
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 1/2 лажичка морска сол

Инструкции

  • Во длабок сад ставете го квасецот во водата и додадете го шеќерот. Помешајте ја смесата со жица за убаво да се соединат состојките и оставете 5-7 минути квасецот да се надигне.
  • Додадете ги брашното, солта и маслиновиот зејтин во смесата со квасецот и промешајте убаво со жица или дрвена лажица сé додека не добиете меко, лепливо тесто.
  • Префрлете го тестото во претходно премачкан сад со многу малку маслинов зејтин, покријте го со фолија и оставете го да нарасне на собна температура околу 1 час.
  • Нараснатото тесто префрлете го во тавчето во кое ќе се пече (јас користев тавче со димензии 20х20). Намрсете ги прстите со маслинов зејтин и распоредете го тестото по целата површина на тавчето. Покријте го тавчето со фолија или крпа и оставете го тестото да кисне на собна температура околу 1 час.
  • Вклучете ја рерната на 220°. Откако тестото ќе надојде, притиснете го со намрсени прсти до дното на тавчето. Посипете со малку маслинов зејтин и морска сол и оставете да се пече во претходно загреаната рерна од 25-30 минути. Околу 5 минути пред крајот, додадете ги исецканите маслинки и стапчињата рузмарин и вратете го тестото во рерна.
  • Исечете на парчиња и уживајте во вкусот на медитеранот.
Course: печиво
Keyword: печиво