Go Back

Посна Тегната Баница со Праз

Порции 8
Подготовка 1 hr 30 mins
Готвење 30 mins
Вкупно Време 2 hrs

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 2 големи филџани млака вода
  • 1 лажица сол
  • 1 мал филџан зејтин
  • 3-4 страка праз

Инструкции

  • Како што можете да приметите, во наведените потребни состојки нема квасец за подготовка на оваа тегната баница. Но, доколку се одлучите да користете квасец, препорачливо е да се стави само ¼ од квасецот. Сум ги пробала и двете варијанти, но дефинитивно мој фаворит е онаа подготвена со квасец. Денес одлучив да ја подготвам баницата без квасец и да го споделам овој рецепт со вас.
  • Најпрвин во длабок сад од состојките го замесуваме тестото, ставајќи ја водата и постепено додавајќи брашно, лажица по лажица за да не се направат грутки. Го додаваме зејтинот и солта и месиме се додека не добиеме меко, нелепливо тесто. Го оставаме тестото да стаса околу 1 час, покривајќи го со крпа.
  • Во меѓувреме, додека го чекаме тестото да стаса, празот го сецкаме на ситни кругови и го пропржуваме со малку зејтин и сол се додека не омекне.
  • Кога тестото ќе стаса, од него се прават 8 топчиња, од кои секое топче посебно го расукуваме. Потоа продолжуваме кората да ја тегнеме со раце. Најдобро е кората да ја ставите на памучен чаршаф или поголема крпа и рацете да ви бидат намрсени цело време, за да тестото не се ви се кине додека го тегнете до посакуваната дебелина. Кората ја тегнете од внатрешноста кон надвор. Доколку краевите ви се подебели, можете слободно да ги отстранете. Го додавате филот од праз. Полека ги подигате краевите од чаршафот и мотате кон средината. Од секоја кора добивате по една баници ги редите на намрсен плех, ставјќи им или малку зејтин или мали коцки маргарин. Истото го повторувате со сите топчиња тесто. Се печат на 200 степени, околу 20тина минути, додека не заруменат.
  • Подгответе ја со праз, сирење, месо, спанаќ или пица фил и уживајте во вкусот на оваа домашно приготвената тегната баница.
Course: печиво
Keyword: баничка