Go Back

Домашно Трилече

Подготовка 30 mins
Готвење 1 hr
Вкупно Време 1 hr 30 mins

Состојки

Состојки за Тесто:

  • 6 јајца
  • 300гр. шеќер
  • 400гр. брашно
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 прашок за пециво

Состојки за Фил:

  • 400мл. слатка павлака
  • 1л.  млеко
  • 350гр. кондензирано млеко

Инструкции

  • Тесто:
    Најпрвин белките се делат од жолчките. Белките се матат со миксер, а во меѓувреме постепено се додадаваат шеќерот лажица по лажица и ванилиниот шеќер. Откако смесата убаво ќе се обработи, се додаваат жолчките една по една и повторно продолжуваме со матење додека недобиеме хомогена смеса. Се додаваат прашокот за пециво и брашното, и оваа смеса продолжуваме да ја матиме со дрвена лажица. Смесата се става во правоаголнатава (бр. 38) обложена на хартија за печење. Се пече 30-35 минути на 180 степени, на претходно загреана фурна се додека тестото не добие златно-кафеава боја.
  • Откако тестото ќе се испече, го вадиме од тавата, ја отстрануваме хартијата и го боцкаме со вилушка од двете страни.
  • Фил:
    Слатката павлака се става во тенџере на оган се додека не зоврие. Откако ќе почне да врие, ја тргнуваме од оган и ја истураме во празната тава каде што го печевме тестото. Потоа врз слатката павлака го враќаме оладеното тесто. Во истото тенџере каде што ја варевме слатката павлака, ги ставаме млекото и кондензираното млеко да зовријат и потоа постепено ја полеваме смесата врз тестото.
  • Глазура:
    Колачот го оставаме во фрижидер неколку часа да се олади и убаво да ја впие течноста. Откако ќе се олади, го премачкуваме со готов карамел прелив и го сечеме на коцки.  
Course: Десерт
Keyword: десерт, трилече