Go Back

Паста Карбонара

Порции 2 лица
Подготовка 15 mins
Готвење 15 mins
Вкупно Време 30 mins

Состојки

  • 200гр пене макарони
  • 100гр сланина
  • 50гр пармезан
  • 2 јајца
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • црн пипер
  • прстофат морска сол

Инструкции

  • Зовријте вода во тенџере со сосема малку маслиново масло и прстофат морска сол и додајте ги макароните. Намалете ја температурата на средна и гответе ги al dente (да не се целосно сварени). Потоа тргнете ги од оган и исцедете ја течноста.
  • Во големо тавче загрејте 1 лажица маслиново масло и додајте ја сланината исечкана на тенки квадратчиња. Пржете додека зарумени малку на средна температура, а во меѓувреме подгответе го сосот со јајцата. Во длабока чинија изматете 2 јајца, изрендајте го пармезанот, зачинете со црн пипер и добро измешајте за да добиете кремаст сос (не премногу течен).
  • Кога сланината ќе биде готова, додајте ги макароните и добро мешајте за да ја впијат течноста од сланината. Тргнете го тавчето настрана и исклучете ја ринглата. Тука е клучниот момент! Почекајте 4-5 минути и вратете го тавчето на изгасената рингла каде што ја готвевте сланината, додајте го сосот со јајца и пармезан и мешајте непрекинато додека сите макарони се прекријат со сосот и се измешаат со сланината. Јајцето треба да се зготви од високата температура, но не смее да се згрутчи и да добиете кајгана. Послужете веднаш со уште малку рендан пармезан и црн пипер доколку сакате. Buon appetito!
Course: главно јадење
Cuisine: Italian
Keyword: карбонара, паста