Go Back

Безглутенски Кремасти Њоки со Печурки

Порции 2 лица
Подготовка 15 mins
Готвење 15 mins
Вкупно Време 30 mins

Состојки

  • 500гр варени компири
  • 1 јајце
  • 250гр пченкарно брашно

Состојки за Сос:

  • ½ главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 300гр печурки шампињони
  • 100мл бело вино
  • мешан сув зачин
  • црн пипер
  • сол по вкус
  • 250мл неутрална павлака
  • 100гр кашкавал
  • пармезан
  • свеж магдонос

Инструкции

  • Компирите ги вариме и пасираме, во нив го додаваме јајцето, брашното и 1 лажиче сол. Месиме со рака убаво мазно тесто и со помош на најлонска фолија (бидејќи пченкарното тесто е многу ронливо и потешко за обликување) земаме дел од тестото правиме долги ленти и сечеме парчиња околу 1см. Постапката ја повторуваме се додека имаме тесто. Готовите њоки ги ставаме во предходно зовриена солена вода и вариме олоку 2-3 мин. додека да се кренат на површината. Ги вадиме со лажица решетка и додаваме во предходно приготвениот сос кој го подготвуваме на следниот начин:
  • Кромидот и лукчето ситно ги сецкаме и ги пропржуваме на маслиново масло додека не добијат златна боја. Ги додаваме сецканите печурки и виното и динстаме околу 5 мин. На крај ја додаваме павлаката, ренданиот кашкавал, зачинуваме и ги додаваме њоките. Оставаме уште неколку минутки на оган да се соединат.
    Служиме со пармезан и свеж сецкан магдонос.
    И секако доколку сакате пченкарното брашно можете да го замените со пченично.
Course: главно јадење
Keyword: њоки, паста