Go Back

Лајбици Меки Како Памук

Подготовка 1 hr 30 mins
Готвење 35 mins
Вкупно Време 2 hrs 5 mins

Состојки

  • 550гр брашно
  • ½ свеж квасец
  • 250мл кисела павлака
  • 3 јајца
  • 50гр маст
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол

За премачкување:

  • 1 жолчка
  • ким, сол, сусам

Инструкции

  • Брашното ставете го во пластичен сад и направете дупка во средина каде што ќе го изроните квасецот. Загрејте ја малку павлаката и ставете ја преку квасецот. Додате ги јајцата и останатите состојки и замесете го тестото. Оставете го на собна температура да нарасне околу 1 час. Кога тестото ќе нарасне, формирате топчиња. Секое топче со нож го засекувате на средина и ги ставате во тепсија обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со жолчката и одозгора посипете со ким, сусам, сол , ленено семе или по ваша желба што сакате. Се печат во претходно загреана рерна на 250 степени додека не поруменат. Пријатен оброк.
    Гответе со љубов!
Course: печиво
Keyword: lajbici, лајбици, печиво