wordpress counter

Автомат со човек во него

Дали сте посакале вашето омилено чоколатце да го зачините со малку орвеловски зачин? Сега засега, тоа е можно само во Јапонија и Велика Британија. Имено, во овие две земји, на големо се поставуваат автомати за продажба на Кит Кeт. Необично е тоа што внатре, во овие автомати, има вработен човек.

Откако ќе го одберете своето омилено чоколатце, ќе се појави насмеаното лице на продавачот, кое ќе ѝ даде човечки лик на оваа машина. Вие ќе платите, тој ќе ви ја подаде вашата омилена ужинка и ќе ве почести со широкограда насмевка.

Сепак, мислењата околу овој потег на Кит Кет се поделени. Едни велат дека се чувствуваат пријатно бидејќи сега машините имаат човечки лик, додека оние што се против велат дека ова работно место дефинитивно треба да биде дел од емисијата „Dirty Jobs“ на Discovery Channel, каде се опишуваат најнечистите и најтешките работни места.

Гурман™ ве прашува: Дали би прифатиле ваков тип на работно место?

Related Posts with Thumbnails