wordpress counter

Чизбургер украсна хартија

Компанијата за иновативна украсна хартија „Gift Couture“, дизајнираше хартија со оргинален принт и дизајн. Нивната главна цел е да создадат уникатни хартии, кои кординирани заедно, создаваат еден тематски концепт.

Нормално, нам ни се допадна чизбургер сетот. Тоа е една од нивните први креации, која содржи 5 различни украсни хартии: лепче, плескавица, кашкавал, салата и домати, односно сите состојки на еден чизбургер.

Овие хартии најмногу се наменети за угостителите, за да можат во нив да ги виткаат своите производи, но исто така за сите останати што сакаат нивниот подарок да изгледа интересен. Наскоро ќе можете да ги порачате и на нивната веб страница giftcouture.com. Сите оние кои ќе го поддржат овој проект и ќе учествуваат во неговото популаризирање, ќе добијат како награда чизбургер трофеј.

Related Posts with Thumbnails