wordpress counter

Чоколадна варијанта на „Werthers’s“

Популарното „благце“ доби ново руво – ни помалку ни повеќе, туку чоколадно. Бонбоната исполнета со кремаста карамела сега има чоколадна обвивка, со која полесно ќе се топи во нашите усти.

Секоја бонбона доаѓа засебно спакувана како мало залаче кое дава врвно задоволство. Во зависност од вашите желби, може да одберете млечно или темно чоколадо. Чоколадото и карамелата се меѓусебе преплетени во елегантна овална форма.

Чоколадото е само 42% темно и на тој начин Werther’s Original Chocolate е онолку горчлив колку да не го отстрани вкусот на карамела. Таа има речиси путерест вкус и на тој начин создаваат перфектна комбинација: ниту премногу слатко, ниту премногу горчливо.

На нас останува да си подготвиме шолја чај, омилениот филм или книга и едно пакување од овој десерт. Потоа ќе решиме дали е подобра основната или подобрената варијанта.

Related Posts with Thumbnails