wordpress counter

Еспресо машина за во автомобил

Француската компанија „Handpresso“ ја направи првата машина за кафе за во автомобил. Уредот се вклучува директно во отворот за запалка. За само две минути, оваа машина која не е поголема од мал термос, ќе ви направи кремасто кафе.

Работи на принципот на ставање вода во термосот, ставање доза кафе и притискање на копчето „on“. Voila! Вашето кафе е подготвено за пиење. Совршено за сите кои брзаат или не сакаат да го напуштат своето возачко место.

Овој уред го направи Хенрик Јул Нилсен, а покрај „Handpresso“, постои и машина за надворешна употреба. Ако се најдете на излет или во природа и ви се пие добро, креамсто еспресо, потребно е само да ја имате оваа мала машина и една рачна пумпа. И секако, шолја за кафе. Значи, нашиот омилен пијалак сега е достапен во секое време, на секое место.

Related Posts with Thumbnails