wordpress counter

Храна за подобар љубовен живот (1 дел)

Дали на вашиот љубовен живот му треба дополнителна енергија? Ова е список на 10 природни продукти кои ќе ве загреат за романса.

ЦЕЛЕР

ЦЕЛЕР

Целерот содржи андростенон – феромон за кој се смета дека има дејство на афродизијак. Сол од целер и семе од целер се зачини кои се употребуваат во подготовка на сосови за многу јадења.

БАНАНА

БАНАНА

Покрај нејзината форма, и минералите во неа имаат афродизиско делување. Ензимот бромелаин во бананата го стимулира либидото на мажите. И еве една вест за нашите патриоти – Александар Македонски е првиот европеец кој јадел банана.

КАЛИНКА

КАЛИНКА

Калинката со своите мали семки со илјадници години била симбол на плодност во античките култури. Од Кина, каде била знак за богато и здраво семејство, е пренесена во Италија. Пробајте од ова овошје и ќе забележите разлика во својот однос кон партнерот.

ПРАСКА

ПРАСКА

Многу уметници, на праската пресечена на половина, гледаат како на заведување. А, повеќето од кинеските невести и ден денеска на свадбата носат цвет од праска. Праската, поради својот состав, делува фантастично на кожата и нејзиниот сјај. А, тоа е една од првите работи која ја забележуваме кај спротивниот пол.

ПЛОД ОД ГИНКО

ГИНКО

Овој плод делува на забрзување на циркулацијата на крвта во телото. А, подобрата циркулација делува позитивно и на либидото кај обата пола. Може да се јаде во каши и чорби, како и да се пржи.

Related Posts with Thumbnails