wordpress counter

Храна за супер секс (1 дел)

Откријте кои се најеротичните продукти, кои најдобро е да се сервираат во кревет. Не само што се добри за развој на предиграта, туку и ќе ви донесат широка насмевка и чувство на сензуалност.

АРТИЧОК
Самиот изглед ја буди фантазијата и предизвикува најразлични симпатични асоцијации. Ливчињата варен артичок најубаво е полека да се грицкаат и цицаат. Најсензуалниот рецепт за овој продукт е следниот: артичоките сварете ги во солена вода (околу 40 минути), додадете малку лимонов сок, 3 мали лажички сенф, сол и бибер.

АНАНАС
Вкусен и сочен, ананасот претставува одличен афродизијак. Еве и еден рецепт за врела вечер – ананас со малку чили, мед, рум и сладолед.

КАЈСИИ
Лушпата им е свиленкасто мека, додека плодот тврд и сочен. Плодот често асоцира на задникот, па ништо чудно кај некои да го забрза протокот на крв.

ОСТРИГИ
Познати се како еден од најславните афродизијаци. Славата ја должат на приказната дека Казанова јадел и по 50 на ден. Важно е дека во нив има многу малку маснотии и се одличен избор ако сакаме лесен љубовен оброк. Имаат многу минерали, кои влијаат на зголемување на нивото на тестостеронот. Најдобро е да се консумираат свежи, со неколку капки лимонов сок.

Related Posts with Thumbnails