wordpress counter

Храна за супер секс (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме 4 видови храна кои може да делуваат позитивно на љубовниот однос помеѓу партнерите. Сега тој список ќе го надополниме со уште неколку продукти.

ЈАГОДИ
Некои го нарекуваат овошје на љубовта, поради јаката црвена боја и прекрасниот вкус кој одлично се комбинира со шампањ и чоколадо. Јагодите се идеален детал на секоја романтична вечера. Бојата и симболиката се и повеќе од доволна причина јагодите да бидат дел од овој список.

СМОКВИ
Од секогаш ја буделе фантазијата и еротскиот набој. Слаткиот вкус нѐ полни со доволно енергија за долгите љубовни игри. А самиот изглед, боја и мекоста на плодот се доволни за да ги подгреат нашите еротски фантазии.

КАЛИНКА
Заводливо овошје со силна црвена боја, кое одамна е симбол на страст и љубов. Совршениот рецепт би вклучувал вадење на семките од кората, нивно ставање во високи чаши и нивно преливање со Мартини.

АСПАРАГУС
Вкусот, меката текстура и долгнавестиот облик, визуелно го збогатуваат секој оброк, будат чувство на задоволство и сексуални желби. Одличен извор на енергија.

Related Posts with Thumbnails