wordpress counter

Храната и астрологијата (1 дел)

ХРАНАТА И АСТРОЛОГИЈАТА

Што треба да знаете ако имате некоја посебна личност на вечера, на која ѝ го знаете хороскопскиот знак и сакате да ја освоите со одлично приготвена храна? Треба да му го знаете вкусот. Еве што велат ѕвездите за тоа.

ОВЕН

Начин на живеење: интензивно, брзо и авантуристички, немаат многу време да ѝ посветат на храната
Омиленa храна: fast food, месо и зачинета храна (пикантно лута храна)
Кујни: кинеска, индиска и мексиканска
Не сакаат: безлична храна и слатка храна, со исклучок на чоколадо
Храна која се препорачува: овес, риба, зеленчук (особено зелка и цвекло), овошје (грејпфрут и лубеница). Магдоносот и младиот кромид се одлични за нив
Зачини: мелен лук, мајчина душица, шафран, нане, коријандер, рузмарин
Пијалаци кои се препорачуваат: многу лесно се опиваат и алкохолот ги тера на многу непромислени работи. Затоа треба да го избегнуваат. Патат од главоболки и поради тоа треба да избегнуваат да пијат црвено вино со сирење. Подобро е 1-2 чаши шампањ.

БИК

Начин на живеење: топли, срдечни и чувствителни личности кои ја сакаат храната и знаат да уживаат во неа. Тие не готват само за себе, туку сакаат да подготвуваат храна и за другите. Биковите се едни од последните кои внимаваат на сите делови од оброкот
Омиленa храна: биковите сакаат богати оброци кои се дел од традиционалната кујна. Супа со месо, говедско месо, салата со моркови и зелка и добро аранжирана маса ќе го освои неговото срце. За ужина изненадете го со колачиња со путер од кикиритки
Кујни: традиционална домашна
Храна која се препорачува: говедско месо, овошје (портокали, лимони, јаболка, сливи, круши), зеленчук (грашок, спанаќ и домати)
Зачини: магдонос, нане, кари, каранфилче
Пијалаци кои се препорачуваат: кога ќе се напијат знаат да бидат многу незгодни. Затоа, како и поради фактот што се љубители на добро вино, најдобро е да им се понуди црвено или бело вино.

БЛИЗНАЦИ

Начин на живеење: полни со енергија, прилагодливи и спонтани, имаат неверојатна кондиција кога е храната во прашање. Сакаат нови рецепти, нови состојки и продукти
Омиленa храна: луди се по хамбургери, сакаат зачинети јадења, сирење и јаткасти плодови, мешани салати
Кујни: разни кујни со различни јадења, егзотични комбинации
Храна која се препорачува: месо од птици, овошје (кајсии, калинки, сливи), маслинки, кикиритки, зеленчук (карфиол, целер, мешунки)
Зачини: ванила, нане, сусам, жалфија, морско оревче
Пијалаци кои се препорачуваат: ретко пијат, но кога се во друштво може да си дозволат чаша бело вино.

РАК

Начин на живеење: романтични, страствени и сензибилни личности, на кои домот во кој живеат им е нивниот свет. Кујната е во средиштето на нивниот семеен живот. Готват во големи порции, па ако сакате да се изгребете ручек а да не ве погледнат попреку, тогаш отидете ненајавено кај некој рак. Сигурно ќе се прејадете
Омиленa храна: месо приготвено со печење на традиционален начин, сосови и варива. Не сакаат експерименти
Кујни: сѐ што е домашно приготвено
Храна која се препорачува: морски плодови, овошје (кокос, грозје, лимон, лубеница, папаја), зеленчук (зелка, краставица, тиква, компир, залата салата)
Зачини: жалфија, цимет, синап, ванила, мајчина душица
Пијалаци кои се препорачуваат: за раковите оброкот е прав церемонијал. Во тоа влегува и пијалакот. Но, треба да внимаваат на сите пијалаци, па дури и пиво. Најдобро е да пијат вермут.

ЛАВ

Начин на живеење: борци со победнички дух, кои сакаат отмен и луксузен живот. Кога е во прашање храната, сакаат фини, мали коктел залачиња, бидејќи за нив отменоста е пред вкусот
Омиленa храна: ретки врсти на јужно овошје, екстравагантни јадења од медитеранот
Кујни: медитеранска
Храна која се препорачува: овошје (ананас, портокали, мандарини), зеленчук (тиквички, маслинки, модар домат)
Зачини: анис, каранфилче, босилек, кориандер, ѓумбир
Пијалаци кои се препорачуваат: за неговиот префинет вкус само шампањ или врвно вино.

ДЕВИЦА

Начин на живеење: уживаат во мирно, рутинско секојдневие. Кога се зборува за храна тие воопшто не се инвентивни. Јадења со необични имиња и состојки ги оставаат мртви ладни. Но, кога се работи, на пример, за компир или зелка тие ќе го подготвуваат на милион начини и никогаш нема да им здосади
Омиленa храна: мешани салати со свеж зеленчук, ориз и јагнешко месо и овошје како десерт
Кујни: традиционална домашна
Храна која се препорачува: овошје (кајсии, калинки), мешан зеленчук
Зачини: ловоров лист, цикорија, цимет, ванила
Пијалаци кои се препорачуваат: алкохолот делува многу неповолно на нивниот црн дроб. Сепак, чаша бело суво вино може да помине.

Related Posts with Thumbnails