wordpress counter

Храноскоп (09.12 – 15.12)

Овен – неделава работите нема да ви одат од рака. Ќе имате чувство дека сѐ е против вас и сите сакаат да ви наштетат, но всушност сите ќе си ја гледаат својата работа. Имате зелено светло да подготвите и консумирате некој десерт. Крофна прелиена со чоколадо, овошна пита или топло-ладен колач, ќе ви делуваат како утеха оваа недела.

Бик – оваа недела ќе бидете преполни со сензуална енергија. Припадниците на овој знак се смета дека природно се надарени за готвење. Вашиот совет за неделава е да креирате ваше јадење. Употребете ја имагинацијата и креирајте нешто ваше, па дури и додавање на некои состојки или зачини во некој вообичаен рецепт, ќе се сметаат како ваш придонес.

Близнаци – поставеноста на планетите неделава ќе предизвика да уживате во вниманието поради вашите прекрасни кулинарски способности. Толку ќе ве фалат, што и ќе почнете да размилувате да напишете свој готвач. Ќе бидете многу расположени за социјализација и внимание, па едноставно повикајте ги пријателите на вечера и изненадете ги со својата готвачка креативност.

Рак – оваа недела ќе бидете во искушение да отпатувате некаде и да уживате во некоја странска кујна. Доколку вашиот буџет во моментов не го дозволува тоа, отидете на некоја тематска забава или запишете се на курс по готвење. Бидејќи ѕвездите ве охрабруваат во учењето, ќе треба да го проширите знаењето доколку сакате да подготвите шпанско, кинеско или источно јадење.

Лав – неделава ќе ви биде погодна за трансформации. Планетите ќе ви откријат некои работи од минатото и со тоа ќе се присетите на некои непријатни искуства поврзани со храната, кои целосно сте ги заборавиле. Сепак, тоа можете да го промените во сегашноста, со учење на сопствената и странските култури. Иако можеби не сте италијанец/ка, не значи дека не можете да подготвите вкусна пица. Најубавото е што имате многу пријатели кои ќе ги привлечете само со убавата миризба.

Девица – планетите ќе ви донесат многу среќа и љубов во областа на политиката, дружењето и вработувањето. Доколку готвењето ви е страст, треба да ја земете предвид идејата тоа да ви стане професија. Дали во областа каде што живеете има потреба од домашна кујна која доставува домашна храна? Засукајте ги ракавите и исполнете си го својот сон.

Вага – планетите ви се движат околу куќите на пријателството и социјалните активности. Некој ја има проширено веста дека вкусно и мегаломански готвите. Немојте да се чудите доколку имате навала од пријатели, кои самите ќе се поканат на гости. Забавите со вечера се секогаш забавни, но сепак замолете некој да ви помогне во чистењето, за да не ви дојде сѐ тоа преку глава.

Скорпија – ќе бидете опкружени со комплименти од сите страни, ќе бидете посреќни, попривлечни и сакани. Само треба да внимавате да не ви се зголеми апетитот и да не ја проширите и вашата фигура. Можни се промени во секторот на кариерата. Кога ќе се почуствувате вознемирени, јадете некоја здрава храна. Како макробиотска или некое јадење со лук, лимон и пилешко месо. На тој начин, веднаш ќе ја подобри состојбата во вашиот ум.

Стрелец – ќе треба да донесете некои одлуки, но не секирајте се, затоа што најтешките ќе бидат дали да јадете кинеска, италијанска или македонска храна. Можеби ќе размислувајте да ја промените кариерата во место каде ќе се ценат вашите готвачки способности. Ѕвездите велат дека тоа е можно.

Јарец – ќе имате многу енергија и кондиција за во кујната. Исто така, ни комуникативноста нема да ви биде проблем. Неделава сѐ ќе ви оди од рака, па не е лошо да приготвите некој од вашите сосови или некое јадење по ваша желба. Па, дури и да го приготвите менито и за наредната седмица.

Водолија – ќе сакате да ја откриете вашата сензуална страна во кујната. Ќе собирате рецепти за наредната недела, но оваа недела ќе бидете фокусирани на попопуларни јадења, што ќе ги прочитате на социјалните мрежи. Доколку планирате некое покомплицирано јадење, сепак консултирајте се со некого и погрижете се да има доволно за сите.

Риби – неделава ќе се чуствувате стабилни и приземјени. Бидејќи ќе бидете полни со енергија, веројатно постојано ќе мислите како изгледате додека готвите. Едноставно замислете се како некоја позната личност од светот на храната и ќе се чувствувате гламурозно до крајот на неделата.

Related Posts with Thumbnails