wordpress counter

Храноскоп (13.01 – 20.01)

Овен
Оваа недела планетите многу позитивно ќе влијаат на вас и на вашата среќа, а ќе ви престане и периодот во кој бевте во постојан хаос. Како резултат на тоа, ќе престанат да ви се кршат предметите низ кујната, да не ви испаѓаат рецептите и слично. Неделава ќе бидете особено внимателни со сѐ што ќе правите. Сега можете да го направите комплицираниот рецепт, за кој никако да соберете храброст. Не треба да бидете загрижени, ќе испадне одлично.

Бик
Неделава ќе се чувствувате многу инфериорно во однос на останатите. Зборовите, па и рецептите на сите останати ќе ви делуваат поважни од вашите. Но, запомнете дека сепак вашето семејство најмногу сака кога вие готвите и што и да приготвите за нив е совршено.

Близнаци
Вие сте способни да направите речиси сѐ и сакате на сите да им помогнете. Неделава ќе ви биде особено напорна, обрски ќе ве напаѓаат од сите страни. Ќе ви треба многу здрава храна за да ја пребродите неделава, односно физички да ја издржите. Задржете се на појадоци со житарки и обилни оброци со салати и парче месо. Не се секирајте. И да претерате со храната, сѐ ќе потрошите.

Рак
Можеби ќе бидете во искушение да експериментирате и сѐ да пробате по еднаш. Готвењето и јадењето неделава ќе биде најдобриот спорт за вас. Ќе имате голема подршка од партнерот, децата или пријателите. Приготвите некој егзотичен рецепт со ананас или нешто слично и ќе си ја остварите потребата за експрериментирање.

Лав
Неделава ќе имате потреба вашиот глас да биде слушнат и да промени некои работи. Но, поголемиот дел од неделава ќе се чувствувате исфрустрирано. Доколку навистина сте љубител на храната, пригответе некое јадење кое совршено ќе ги опише вашите чувства и преку него ќе се изразите себе си. Направете прекрасен чоколаден десерт. Верувајте, тоа ќе ве направи многу посигурни и посреќни.

Девица
Оваа недела за вас ќе биде многу чудна. Ќе ви недостига енергија и ќе се чувствувате уморно. Направете ги вашите чоколадни мафни, веднаш ќе ви дадат енерија и повторно ќе добиете сила за да ги доведете работите во ред. Можно е неделава да имате гостин од странство на вечера, но нема простор за паника. Пригответе му го тоа што најмногу го сакаат вашите најблиски и нема да згрешите.

Вага
Неделава ќе има планетарен транзит во вашиот знак, што ќе придонесе да ви се случуваат многу „дежавуа“. Ќе добиете ненадејна желба да припремите некој рецепт кој ви бил омилен кога сте биле дете. Пржени лепчиња или палачинки ќе ве вратат во детството. Сите ќе бидат воодушевени од ваквото мени, но не заборавајте да додадете некоја ваша состојка.

Скорпија
Неделава ќе ви биде совршена за комуникација со храната. Доколку некој од вашите блиски пријатели е видно нерасположен, припремете му ќофтиња, супа од зеленчук или некоја домашна манџа. Вашиот пријател ќе биде многу благодарен и ќе се почувствува сакано, а вие ќе се чувствувате уште подобро и тој гест ќе ве исполни со позитивна енергија.

Стрелец
Подобро ќе биде неделава да избегнувате прејадување или јадење на многу калорична храна. Вашиот стомак ќе биде многу осетлив, што ќе биде предизвикано од притисокот кој го чувствувате на работното место. Јадете повеќе свежо овошје, зеленчук и пијте чаеви кои смируваат.

Јарец
Неделава ќе имате подршка за да пробате нови работи, особено кога станува збор за храна и дружење. Ќе имате желба постојано да бидете во друштво, па поради тоа често ќе ги каните пријателите на вечера. Припремете нешто егзотично, експериментирајте малку, пригответе нешто што дури ни вие не сте го пробале досега.

Водолија
Неделава можеби ќе одлучите храната да ја направите ваша нова кариера. Доколку вашите пријатели и роднини постојано се воодушевени од вашите слатки, бидете малку похрабри и навистина направете го тоа. Можно е да бидете испирирани од некоја многу драга личност.

Риби
Неделава ќе имате авантуристички дух, ќе сакате да шетате по непознати улици и да одите во нови кафулиња. Ќе се ослободите од сите ваши стари садови во кујната и ќе ги замените со нови. Готвењето исто така ќе ви оди од рака. Затоа, пригответе некој колач на база на ванила.

Related Posts with Thumbnails