wordpress counter

Храноскоп (16.12 – 23.12)

Погледнете што велат ѕвездите за вашата исхрана за периодот помеѓу 16-23 декември.

Овен – неделава плaнетите ќе се вртат околу романсата, децата и забавата. Поради тоа, ова ќе биде супер време да испробате некој од семејните рецепти. Притоа, внимавајте да не се изложите на многу непотребни трошоци, секогаш можете да приготвите топол семеен оброк, со тоа што го имате во вашиот фрижидер. Како и да е, успехот ќе ви биде загарантиран бидејќи неделава ќе се чувствувате смирени и горди со сѐ што ќе направите.

Бик – оваа недела ќе бидете посветени на домот и семејството. Ќе бидете многу сочувствителни и ќе сакате да бидете во центарот на вниманието. Постојано ќе имате гости и ќе ги служите со најразлични специјалитети. Ќе ви биде непријатно да ги служите со останатата храна од претходниот ден, но секогаш можете да ја направите така што ќе изгледа свежо подготвена.

Близнаци – страствената енергија која се движи околу вашиот знак, ќе ве направи да се чувствувате многу креативни, а таа креативност ќе ја изразите преку вашите кулинарски таленти. Готвењето ќе ви овозможи да се изразите себе си и истовремено да се релаксирате. Задржете се кон готвење на едноставни јадења, но потрудете се да ги направите беспрекорно. Направете шпагети со интересен сос, по ваша креација.

Рак – оваа недела ќе имате многу промени во секојдневието, бидејќи планетите околу вашиот знак ќе креираат хаотична енергија. Ќе бидете драматични и поради таа драма треба да се држите подалеку од кујната. Неделава оставете другите да готват за вас.

Лав – неделава ќе ви биде посветена на мечтаењето. Првата половина од неделава ќе ја поминете во хранење по ресторани, додека во втората ќе имате желба да приготвувате семејни оброци. Доколку немате такви традиционални рецепти, замолете некого од роднините да ви испрати. Ќе се чувствувате убаво доколку направите некои од рецептите на вашата баба.

Девица – неделава ќе имате промени во кариерата и во вашиот авторитет. Можеби ова е добар период да почнете да посетувате часови за готвење. Тоа ќе ве направи да се чувствувате поисполнети и позадоволни, а воедно ќе можете и да приготвите нешто посебно за најблиските.

Вага – ќе бидете подготвени за прекрасна недела со најблиските, а планетите ќе ве исполнат со потребната енергија. Авторитетот ќе ви биде на многу високо ниво, така што ќе биде најдобро вие да решавате што вкусно ќе јадете денес. Приготвувајте јадења кои ви се добро познати и во кои сте вешти во нивната приготовка. Сите ќе бидат воодушевени од вашата кујна.

Скорпија – неделава ќе ви биде погодна за остварување на некоја љубовна врска. Обично првиот состанок најчесто е вечера во ресторан. Направете го наредниот состанок кај вас дома, со романтична вечера која вие самите ќе ја приготвите. На тој начин, дефинитивно ќе ја придобиете таа личност и сериозно ќе се заинтересира за вас.

Стрелец – неделава ќе бидете значително поодговорни од обично, а тоа го вклучува и вашето умеење во кујната. Познати сте како љубители на сланина и путер и слична масна храна. Неделава вашата одговорност ќе ве наведе да испробате малку поздрав начин на исхрана и сѐ што ќе приготвувате ќе биде здраво и диетално.

Јарец – неделава ќе се чуствувате презаситени од секојдневието. Истото ќе го чувствувате и со вашата исхрана. Ќе ви биде преку глава да ги јадете работите што ги имате во вашиот фрижидер. Внесете нешто ново во вашата исхрана, но внимавајте – лути и топли јадења нема да бидат многу препорачливи за вас.

Водолија – неделава ќе биде комплицирана и тешка за вас, ќе се чувствувате непријатно и загушено од туѓите одлуки. Ќе имате потреба да се ослободите од стресот со првото чоколадо и чипс на кои ќе налетате. Обидете се да го замените тоа грицкање на нездрави работи со јадење на овошје и зеленчук, тоа ќе ве направи поенергични и волни да ја пребродите неделава.

Риби – неделава ќе имате одлична концентрација и комуникација со луѓето. Овој период ќе биде одличен да направите забава со вечера, а притоа да организирате и некоја друштвена игра. Направете за предјадење чипс со разни сосови, тоа значително ќе ги расположи вашите гости.

Related Posts with Thumbnails