wordpress counter

Исхраната на Кети Пери

За да ја одржи својата витка линија, Кети Пери јаде 5 помали оброци дневно, во склад со диетата на 5 фактори. Омилена храна ѝ се печурките, а од физичката активност – скокањето со јаже.

Таа се придржува до точно одреден режим, освен во недела, кога јаде сè што ќе посака. Токму таткото на диетата 5 фактори, Пастернак е нејзин личен советник за исхрана. Секогаш јаде оборци со полно протеини и влакна. Омилен појадок ѝ е јајце со шунка, домат, кромид и сирење.

Инаку, Кети е вљубена во солената храна. Обожува мексиканска храна. Но, бидејќи е калорична, изборот се кесадиљи со мисиркино месо, црн грав и ниско-калорично сирење.

Една од најважните работи за витката линија, според неа, е раното вечерање. Кој оди на спиење веднаш по вечера – ризикува зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, пие многу вода и овошни сокови. Понекогаш пие и пиво, но најмногу две мали пива дневно.

Секако, диетата не дава резултат без вежби. Таа прескокнува јаже. Буквално е вистински фанатик и го носи јажето секаде со себе. Може да скока половина час без престан и тогаш се чувствува како Роки, славниот боксер од филмската франшиза.

Related Posts with Thumbnails