wordpress counter

Истражи ја Македонија

„Истражи ја Македонија“ е замислено да биде заедница на вистинските љубители на патувањето, историјата, убавината и она што нас најмногу не интересира – храната. Страницата е дел од кампањата за промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.

На почетната страница на www.istrazijamakedonija.mk ќе ве пречека мапа на Македонија, со слики на секој од градовите. Кога ќе кликнете на сликата, ќе се појави најпознатиот специјалитет за градот кој сте го одбрале, заедно со куса приказна и рецептот за негово приготвување.

Она што е интересно е дека секој од нас може да учествува во креирањето на мапата. Доволно е да се регистирате и да споделите некоја интересна приказна, рецепт за некое традиционално јадење, за обичаи, фестивали или други настани карактеристични за нас. Секако, можете да споделите и информации за местата каде може да се преспие, да се јаде или да се купи некој карактеристичен сувенир.

Ова е одлично смислен водич за секој што се смета за истражувач и гурман. Но и за секој што посакува да стане едното, другото или можеби и двете. Вреди да се посети.

Related Posts with Thumbnails