wordpress counter

Како се пие во филмските барови?

Се вели дека вистинските фраери постојат само на филм. Ако тоа е вистина, тогаш не останува ништо друго туку да ги прифатиме нивните манири. Во продолжение ви предлагаме 3 филмови со сцени кои се случуваат во бар.

„Казабланка“ (1942)
Режија: Мајкл Кртиз
Актери: Хемфри Богарт, Ингрид Бергман

Нема кој не слушнал за овој филм. Но, малку се тие кои знаат да прераскажат како се пиело во барот. „Казабланка“ се случува во барот на Рик и во овој случај станува збор за школски пример на добро однесување: ако во бар не ти се допаѓа некоја жена – остави ја на раат. Поради расправа за жена, лесно се лета од бар и се останува жеден.

Barfly“ (1987)
Режија: Барбет Шредер
Актери: Мики Рурк, Феј Данавеј

„Barfly“ е човек кој по цел ден виси на шанк во бар и постојано пие. Помеѓу сеансите со пиење се случува и по некоја тепачка. Рурк постојано пие, а животот му станува возбудлив кога ќе запознае една алкохоличарка. Целата приказна потекнува од перото на Буковски. Единствено нешто што може да се сфати од филмот е дека и најголемиот пијаница може да најде девојка.

„Од самрак до зори“ (1996)
Режија: Квентин Тарантино
Актери: Џорџ Клуни, Салма Хајек

Еден пеколно топол ден, еден полицаец влегува во пустински, локален бар и наскоро, со оглед дека е филм на Тарантино, е мртов. Ако ги зaнемариме локвите крв и бројните мртви тела, тогаш филмот е мошне едукативен. Прво – не влегувајте во секоја дупка од бар, а второ – не се закачајте со обезбедувањето.

Related Posts with Thumbnails