wordpress counter

Каква храна сакаат јавните личности?

Славните личности секаде во светот имаат посебни барања и желби. Особено кога е во прашање храната. Ние, во оваа статија, ќе се обидеме да наведеме неколку од овие светски познати личности и нивните интересни желби кога е во прашање храната.

Лејди Гага
За жена која носи месо како гардероба, ќе си помислите дека ги има најоткачените барање за храна. Меѓутоа, кај Гага тоа не е случај. Порано најважно беше да има Dr. Pepper и Ginger Ale, како и сок од портокал. Денес сѐ се сведува на  Кока Кола Зеро, органски ѓумбир и чај од лимонова трева за нејзиниот глас.

Стив Мартин
За Стив постои само здрава храна. Кокосови ореви, салата од ајсберг и пилешко месо се работите кои се must-have за овој одличен актер.

Џек Блек
Ако е викенд, ужива во тајландска и индиска храна. Ако е вторник, риба и морски специјалитети, додека во четврток пилешко месо. Сето тоа надополнето со секаква друга храна која посакува да ја јаде. Како и во неговите филмови – се што не можете да замислите, тој ќе го смисли.

Еминем
Верувале или не, овој човек ужива во желе од јагоди, путер од кикиритки, како и сендвич со мисирка и сирење. Секогаш бара кисели краставички и е голем фан на гумени бонбони.

Related Posts with Thumbnails