wordpress counter

Книга: Easy, Tasty, Italian

Easy, Tasty, Italian
Автор: Лаура Сантини

Ако мислевте дека знаете сѐ за италијанската кујна, оваа книга ќе ве убеди во спротивното. Веќе пишувавме за новата компонента на вкусот – умами кои ја открија јапонците. Компонента која го прави јадењето неверојатно вкусно и сочно.

Оваа книга зборува токму за тоа. Лаура Сантини ја открива тајната за таа компонента и ни помага, преку едноставни техники, со додаток на фантазија да создаваме единствени јадења. Ако ги совладате овие неколку основни работи, ќе готвите како професионални готвачи.

Оваа книга, потпирајќи се на богатата италијанска готварска традиција, е вистински исчекор во светот на гастрономските иновации и создава единствено кулинарско доживување.

Едноставно, книга која е „must-have“ за секој вљубеник во готвењето.

Related Posts with Thumbnails