wordpress counter

Книга: „Extra Virginity“

Extra Virginity
Автор:
Том Милер

Кога зборуваме за маслиново масло, веројатно прва слика која ни паѓа напамет се прекрасните ливади на Тоскана, полни со маслинови дрвца и трпеза на отворено со црвени сочни домати и паста. Термините како „скандалозно“ или „саркастично“ не се вклопуваат во таа слика.

Но, новата книга на Милер, со наслов „Extra Virginity“, е токму тоа. Се однесува на тајниот свет на маслиновото масло и на расчистување на сликата дека сите масла се еднакви. Верувајте дека многу често шишето масло што сте го купиле може да не е такво какво што посакувате или мислите дека е. Оваа книга сака да раскажува токму на таа тема.

Инаку, Милер, од самиот старт на својата кариера е посветен борец против измамите, глобализацијата и криминалот во индустријата за храна. Во оваа книга ќе понајдете мислења на вистински мајстори на маслиновото масло, готвачи, хемичари и активисти за храна кои застануваат во одбрана на поимот „екстрадевствено“ маслиново масло.

Related Posts with Thumbnails