Книга: „Fifty Shades of Chicken“
„Fifty Shades of Chicken“
Автор: Ф. Л. Фаулер
Издавач: „Clarkson Potter“
Оваа книга содржи 50 различни рецепти за пилешко месо и секој нареден е позаводлив од претходниот, a вашата вечера ја трансформира во предигра. Приказната се одвива помеѓу готвачот и госпоѓицата Пиленце, со која се алудира на Анастасија Стил, главната протагонистка на трилогијата „50 Shades of Grey“.
Како и Анастасија, така и госпоѓица Пиленце се наоѓа во милост и немилост на доминатен маж (во случајот гладен готвач) кој сака да ја приготви на 50 различни начини.
Според издавачот, станува збор за пародија во три акта: првиот дел се едноставни рецепти за печење, вториот е посветен на идеални вечерни јадења, додека третиот е климакс на готвењето со употреба на различни напредни техники.
Книгата може да се порача пореку веб страницата www.amazon.com, а за што станува збор, најдобро да видите на следното видео:
