wordpress counter

Книга готвач која може да се јаде

Германското дизајн студио „Корефе“ го создаде таканаречениот „реален готвач“. Станува збор за водич со инструкции како да направите вкусна и незаборавна лазања. Готвачот може да го прочитате, да го приготвите и на крај да го изедете. Или, што би се рекло – готвач за една употреба.

Најпрвин, читателот ќе го прочита рецептот за приготвување на лазања. Потоа, секој лист од готвачот се реди во сад за печење, заедно со филот кој сте го одбрале, или оној што е наведен во рецептот.

Готвачот е спакуван во пакување на класични лазањи и станува збор за проект наменет на издвачката куќа „Gerstenberg Publishing House“ и е направен во лимитирана серија.

Одлична идеја!

Related Posts with Thumbnails