wordpress counter

Книга: „Готвач за кучиња“

„The Culinary Canine: Great Chefs Cook for Their Dogs“
Автор: Катрин Леви Фелдман, Сабина Лиус Пирс
Издавач: „Bowtie Press“, САД

И покрај оваа книга готвач, секако дека нашите домашни миленчиња нема да можат сами да си ја подготвуваат храната, туку ќе мора ние самите да им ја приготвиме. Минатиот месец, „Bowtie Press“ го објaви својот прв готвач за кучиња, кој содржи  рецепти од познати светски готвачи. Книгата е полна со прекрасни фотографии, интервјуа со најпознатите готвачи и секако, вкусни рецепти за домашни миленичиња.

Овој готвач е наменет за сите сопственици на кучиња кои сметаат дека на нивните четвороножни пријатели им е досадено од секојдневна кучешка храна. Токму со овие рецепти ќе им овозможат разновидност во нивната исхрана. Во оваа книга се сместени омилените јадења на кучињата на познатите готвачи. Книгата можете да ја купите на „Аmazon.com“ за само 13
долари. Така, доколку имате потреба да му приготвувате храна на некого, а немате на кого, сега можете да му готвите на вашето куче.

За повеќе информации, можете да ја постетите и Фејсбук страницата на изданието.

Related Posts with Thumbnails