wordpress counter

Книга: Кишон за гурмани

КИШОН ЗА ГУРМАНИ
Автор: Ефраим Кишон

Ефраим Кишон е израелски писател, драматург и сценарист. Но, би било грев ако не споменеме дека е и ненадминат сатиричар. И оваа книга е уште едно такво дело, но овој пат полно со кулинарски сатири. За да имате претстава колку е прифатен овој автор, доволен е следниот податок – неговото дело „Дома е најтешко“ е најчитана хебрејска книга по Бибилијата.

Одлична збирка на одлични приказни со сатирична нота на тема празнување и храната која ја подготвуваме во текот на празниците. Интересно е дека книгата содржи голем број гастрономски совети на светскиот мајстор на хуморот. Без оглед дали се работи за виенска шницла, врели супи или унгарски паприкаш, тој е еднакво забавен и оригинален. Освен тоа, ги обработува и згодите и незгодите на масите за јадење дома и на гости, на нему својствен начин.

„Кишон за гурмани“ е четиво кое освен што ќе ве освои со интелигентен хумор, ја обработува и нашата омилена тема – храната.

Related Posts with Thumbnails