wordpress counter

Книга: Мажи, пари и чоколадо

Men, Money and Chocolate
Автор: Мена ван Праг

Главниот лик Маја, ги поминува деновите сонувајќи за совршен живот. Живот исполнет со љубов, успех и задоволство. Се обидува да најде исполнување, барајќи вистински маж и пари. Кога ќе увиди дека тоа не делува, тогаш му се препушта на чоколадото.

Но и чоколадото ја остава празна и изгубена. Сѐ додека не запознае еден таинствен странец, со кого ќе замине на духовно патување. На тоа патување ќе го изнајде сѐ она што и било потребно.

Оваа книга е интерсна приказна за љубовта, храброста и просветлувањето. Ќе ви покаже како да засакате маж без да се загубите самите себе, да пронајдете работа која ќе ве исполни и како чоколадото да ви биде вистинско задоволство.

Мена ван Праг е писател и голем вљубеник во чоколадото. Заедно со својот сопруг, кој е виртуоз на готвењето, од неодамна поседуваат кафе-библиотека во Кембриџ. Таа го оствари својот сон. А вие?

Related Posts with Thumbnails