wordpress counter

Книга: „Зошто сакаме кучиња, јадеме свинско, а носиме крави: Вовед во карнизам“

Зошто сакаме кучиња, јадеме свинско, а носиме крави: Вовед во карнизам
Автор:
Мелани Џој

Нашата подготвеност да јадеме месо од животинско потекло е можна само со блокирање на нашето сфаќање и свест во врска со чувствувањето на болка и нехуманото постапување кон животните.

Според професорката по социјална психологија Мелани Џој, ова е единствениот начин да консумираме храна која воопшто не ни е потребна во нашата исхрана. Поентата на оваа книга е да го промениме начинот на размислување, а преку тоа и начинот на кој ја доживуваме храната.

„На јадењето месо не гледаме како на вегетаријанство, поточно како збир од претпоставки за нас, светот и животните. Дури и повеќе тоа – на јадењето месо гледаме како на нешто природно. Јадеме животни без да размислиме затоа што системот на верувања кој го поддржува тоа е невидлив. Тој невидлив систем на верувања е она што го нарекуваме карнизам.“

Related Posts with Thumbnails