wordpress counter

Книжарница за храна

Omnivore Books on Food е мала книжарница која се наоѓа во центарот на Сан Франциско, САД и која е навистина необична по изборот на книги кои ги нуди.

Имено, оваа книжарница продава книги само од областа на гастрономијата.

Кога пред три години, сопственичката Селиа Сак се реши на овој чекор, повеќето критичари ја сметаа за налудничава. И во прво време беа во право. Рецесија, ве избегнуваат и игнорираат издавачите, авторите не сакаат да доаѓаат кај вас на промоции. Но сега, оваа книжарница е вистински хит на американскиот континент.

Изборот на книги е навистина неверојатен. Од стари и антиквитетни примероци, па до најновите достигнувања на полето на гастрономијата. Издавачите молат за изложување на нивните книги, гости се најупатените имиња во оваа дејност, како Томас Келер и Мајкл Полан. Нашиот Рене Реџепи одржа предавање за време на светската промоција на неговата последна книга.

Книжарницата сега има и свој клуб, органзира натпревари во готвење, презентира врвни специјалитети и пијалаци. Бројот на работилници е голем и вие можете да научите буквално сѐ што ве интересира околу храната.

Ако сакате постојано да сте информирани за сѐ што се случува во светот на храната, можете Omnivore Books on Food да ја следите на Twitter.

Related Posts with Thumbnails