wordpress counter

Кој сѐ е сопственик на ресторан

Ако се решите дел од својот одмор да го поминете во странство, тогаш ќе можете да посетите некој од рестораните кои се во сопственост на познати личности од светот на филмот, модата, музиката или уметноста.

Њујоршкиот ресторан Нобу е во сопственост на Роберт де Ниро и јапонскиот готвач Нобијуки Матсухиса. Моментално во светот има 21 ваков ресторан, а оној во Њујорк е избран за најдобар.

Мајкл Џордан раководи со ресторанот One Sixtyblue во Чикаго. Поседува неколку ресторани и во други градови, но чикашкиот ги надмина сите по својата популарност.

Ева Лонгорија, пак, не оди подалеку од Лос Анџелес. Заедно со готвачот Тод Инглиш го поседуваат прекрасното место Бесо, а Лонгорија учествуваше и во креирањето на менито.

Џастин Тимберлејк во својот Southern Hospitality BBQ ја прославува својата љубов кон скарата. Ова е негов најнов проект и не е тајна дека популарноста која ја има е мамка за многу гости и туристи.

Рокерот Алис Купер го поседува Alice Cooper’s Town Sports bar & Grill во Феникс, Аризона. Според посетителите, јадењата се прекрасни, а изборот одличен.

Related Posts with Thumbnails