wordpress counter

Kraft киосци за помош

Kraft Foods (Милка, Кедбери, Јакобс, Тоблероне) се подготвува да започне да им помага на своите потрошувачи во планирање на оброкот. Имено, за сите оние кои ќе дојдат во супермаркет и им треба инспирација за ручек или вечера, Крафт Фудс, заедно со Интел, им излага во пресрет преку нивните киосци. Станува збор за технологија позната како „Солуции за планирање на оброци“.

Во рамки на супермаркетите ќе се постават киосци кои ќе ја скенираат вашата возраст, полот, периодот во денот и други надворешни фактори и врз основа на тие податоци ќе ја формира својата препорака. Ако сте студент, предлогот би можел да биде тестенини со сирење, а доколку сте бизнисмен не ви бега одрезок од месо.

Покрај предлозите, овие киосци имаат опција и за праќање на рецепти и список за купување на вашиот мобилен уред. Сѐ уште не е прецизирано кога оваа технологија ќе се најде во продавниците, но сигурни сме дека одлично ќе се сложува со вашиот нов интелигентен разладен уред.

Related Posts with Thumbnails