wordpress counter

Кралска венчавка со кралско мени (1 дел)

Со оглед дека ние, за жал, не сме поканети на кралската свадба, ќе се обидеме преку слики и убава приказна да ви ги претставиме убавините и менито на кралската свадба. Големиот настан е закажан за 29-ти април во Бакингемската Палата. Бројот на гостите ќе биде преку 900, а персонал од 60 луѓе, вклучувајќи готвачи, келнери и хигиеничари, ќе им бдат на располагање на гостите.

Повеќето простории ќе бидат отворени за движење, дури и оние во кои обично престојуваат странски претставници од високата политика. Според Едвард Грифин, заменик шеф на персоналот, сите гости ќе бидат пречекани со шампањ и канапе. Чашите ќе се надополнуваат постојано, освен оние на младите, кои по свој избор ќе пијат свежи сокови.

Главниот готвач на кралицата, Марк Фланаган вели дека неговиот тим е подготвен за задачата, со оглед на нивното големо искуство. Имено, овој тим од 21 човек, подготвува и по 550 оброци на ден.

Господинот Фланаган не открива други детали, освен дека канапеата се така подготвени за да се изедат во два залака, додека готвачите ќе користат бакарни садови за готвење. Некои од тие садови се користеле и кога бил крунисуван кралот Џорџ IV, пред околу 190 години.

Според информациите кои доаѓаат од Вестминстер, сите состојки во менито ќе бидат од „британско потекло“. Некои од нив дури и од личната градина на кралицата Елизабета II. Сепак, извори блиски до кралското семејство и врвните готвачи, веруваат дека менито ќе биде „en franҫais“.

Related Posts with Thumbnails