wordpress counter

Кралска венчавка со кралско мени (2 дел)

Во првиот дел од кралската приказна, ве запознавме со некои основни информации во врска со храната и пијалаците кои ќе се служат на „свадбата на векот“. Иако, сите специјалитети и самото мени се држат во најстрога тајна, познавачите на кралското семејство и врвните готвачи се обидоа да предвидат какво ќе биде менито на настанот кој ќе се случува овој петок.

Менито на кралските свадби и останати настани во организација на кралското семејство е секогаш на француски јазик. Нема превод на менито, ниту кога доѓаат во гости високи странски политичари.

Интересна практика е секогаш да се направи јадење кое ќе го носи името на младата. Готвачот Дарен Мекгрејди, кој работеше како готвач на починатата принцеза Дијана, вели дека „Supreme de Volaille Princesse de Galle“ или пилешки гради со мус од јагнешко месо, свиткани во француско бриош лепче и гарнир од аспарагус и мадеира сос, бил специјалитетот кој го добил името по Лејди Ди.

Според него, јадењето кое ќе го носи името на Кејт Мидлтон ќе се открие за време на вечерниот оброк (не за време на свадбениот појадок) и ќе биде сервиран како шведска маса.

Околу 600 гости ќе присутвуваат на свадбениот појадок во Бекингмеската палата. Оброкот ќе биде сервиран како „шведска маса“ и според Мекгрејди, не треба да се очекува француски тост и јајца.

Тоа повеќе ќе биде како некаква попладневна коктел забава со батлери кои постојано носат апетизери и канапеа. Канапеата најверојатно ќе бидат составени од чаден лосос со палачинки од крем сирење, англиски колбаси, мини крокети и пита од чаден лосос.

По церемонијата ќе бидат послужени канапеата, заедно со многу квалитетно пиво кое ќе биде за првпат точено токму за оваа манифестација. Што се однесува до десертот, Славната Фиона Кеирнс ќе ја подготвува свадбената торта. Таа ќе биде украсена со 16 цветови кои ќе симболизираат среќа (роза), брак (бршлен), нежност (крин)… Впрочем, погледнете:

Related Posts with Thumbnails