wordpress counter

„Љубљанске Млекарне“ и „Алпско млеко“ во серијата „Milkbusters“

Словенечката млечна индустрија „Љубљанске Млекарне“ направи одлична кампања за презентирање на нивниот производ – „Алпско млеко“ и да укаже на неговите карактериситики. Врз база на познатата емисија „MythBusters“ на каналот „Дискавери“, направиле своја емисија позната како „MilkBusters“, каде како водители се јавуваат два уникатни лика – Слон и Садеж.

Последното видео за производот се базира на наводното прашање кое го добиле, а гласи: Дали пиењето млеко им помага на децата да растат побргу? Нормално, Слон и Садеж веднаш се фрлаат на експеримент, за да го докажат тоа.

Во видеото подолу ќе видите како водителите со помош на првооделенецот Мирко ќе докажат дека пиењето „Алпско млеко“ помага во побрзо растење на децата:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=QNJPZlK2_w4#! [/youtube]

Related Posts with Thumbnails