wordpress counter

„Манга“ чинии

Овие чинии се дипломска работа на јапонскиот дизајнер Мика Цуцаи на студиите на Технолошкиот Инситут во Кјото. Интересно е дека сцени од манга стриповите му послужиле како основа за дизајнот.

Овие чинии го менуваат целиот контекст на храната, затоа што ја внесуваат во еден посебен, акционен филм. Секоја поединечна чинија може да се доведе во кореалција со други чинии кога ќе се сервира целиот оброк и да се добие вистинска стрип сцена.

Драмата која овој сервис ја внесува во оброкот може да ви се допадна или не. Но, секако ќе направи да избегате од секојдневната рутина и изглед на вашата трпеза. Буквално, како современа поезија преточена во чинија за уживање.

Related Posts with Thumbnails