wordpress counter

Метал легендите „Slayer“ со свое вино

Производството на вино и други алкохолни пијалаци како да стана мода. Најнапред Стинг, па „AC/DC“, а сега и хеви метал легендите „Slayer“ започнаа со продажба на свое сопствено вино.

Откако „AC/DC“ ја отворија сезоната со производство на неколку врсти на „Совињон“, членовите на треш метал составот „Slayer“ на пазарот го вадат своето вино „Reign in Blood“, кое името го добива според нивниот легендарен албум.

Станува збор за „Каберне Совињон“ од калифорниските лозја, има жесток и бескомпромисен вкус, слично како и самиот бенд. Во моментов, виното се продава само во Шведска, а бендот планира да го прошири својот пазар и во други земји. Останува да почекаме и пробаме дали ги бива и за вино.

Related Posts with Thumbnails