wordpress counter

Најчудните истражувања и пронајдоци во 2011 година

Во 2011 година, на подрачјето на исхраната се направени бројни истражувања и направени едно чудо пронајдоци. Во оваа статија решивме да ги споменеме оние малку почудни изуми кои се појавија изминатaтa година.

Конец за заби со различни вкусови   

Една група научници од обичниот конец за чистење на заби направиле предмет со различни вкусови, па дури и вкус на сланина, колачи или кисели краставички. На тој начин, додека ги чистите забите, може да уживате во вашиот омилен вкус.

Ароматичен аларм
Членовите на одборот на „Ig Нобелови награди“ (награди кои се доделуваат на озбилни истражувања кои се урнебесно смешни) оваа година наградата ја доделија на иноватори на алармен систем кој наместо звук или светло, користи мириси за да предупреди на нешто. Поточно, користи остар мирис на рен. Иноваторите испробале стотина различни мириси (понекогаш и смреда, како онаа од расипани јајца) и на крајот, сепак се одлучиле за рен.

Интересно е дека минатата година оваа награда ја доби научник кој докажал дека пцовките ја намалуваат болката, додека пред две години, еден научник кој откри зошто клукајдрвците не патат од главоболка.

Пијани стапала
Во Данска постои урбан мит според кој може да се испијаните од алкохолна купка за нозе. Три научници се зафатиле со утврдување на вистинитоста на овој мит. Тие ги држеле своите стапала цели три часа во сад со вотка. Притоа, секои 30 минути го мереле количеството на алкохол во крвта. Нормално, испаднало дека митот воопшто не е вистинит. Според научниците, алкохолот нема моќ преку стапалата да навлезе во крвотокот.

Related Posts with Thumbnails