wordpress counter

Најзгодни мажи во светот на храната

Веќе пишувавме за најзгодните жени, па нема да биде фер ако не составиме таква листа и за најзгодните мажи во светот на храната.

ЏЕЈМИ ОЛИВЕР

Русокос, со младешки изглед, „кежуал“ стил… господинот Џејми Оливер, односно „голиот готвач“. Името кажува дека ја соголува храната до наједноставната форма. Женет, татко на три деца, овој 34-годишник неодамна беше во крстоносна војна за преобратување на луѓето обземени од лоша храна и преголема тежина. Дури и заплака јавно кога го посети градот на најдебелите – Хантигтон. Жените сакаат чувствителни мажи со островски акцент.

ТОД ИНГЛИШ

Неговото искачување во светот на храната започна со медитеранскиот ресторан во Бостон. Овој елегантен готвач дури беше и во 50-те најубави луѓе во 2001 година. Освен што е готвач, тој е и домаќин на шоуто „Food Trip with Todd English“. Неговата ѕвезда потемне по аферата со затворањето на некои од неговите ресторани од страна на санитарна инспекција, како и откачувањето на неговата несудена жена на неколку дена пред свадбата.

ТАЈЛЕР ФЛОРЕНС

Во јужна Каролина, каде израснал, посетувал школо за готвење, а подоцна во Њујорк, работел со врни готвачи. Денес, овој харизматичен готвач е водител на три шоуа на Food Network и е нивна главна ѕвезда. Поседува ресторан во Сан Франциско и неколку продавници за снабдување со продукти за готвење. Женет и има три деца.

Related Posts with Thumbnails