wordpress counter

Најзгодните мажи во светот на храната (2 дел)

Во претходната статија, на списокот ги ставивме Џејми Оливер, Тод Инглиш и Тајлер Флоренс. Сега ќе го надополниме тој список со уште 4 готвачи, а од вас очекуваме да ни кажете кој е вашиот најзгоден маж од светот на храната.

РОКО ДИ СПИРИТО

Страсниот американски готвач со италијанско потекло, стана славен со шоуто „Ресторан“ кое одеше на NBC. Потоа влезе и во бизнисот и го отвори ресторанот „Кај Роко“. Во меѓувреме следеа бројни настани кои ја потемнеа неговата слава. Љубовни афери, пожари во ресторанот и како шлаг на тортата – битката за пари со неговиот финансер и деловен партнер. На крај се смири како водител на готварското шоу „Танцувајќи со ѕвездите“. Како и да е, човекот изгледа добро, има италијанско потекло и знае да готви. Тоа е веќе љубов…

КРТИС СТОУН

Пред да дојде во Европа, за да ги прошири своите готвачки хоризонти, работел во многу врвни ресторани низ Австралија. Во Лондон, овој синокос дечко со сурферски изглед работеше покрај одлични мајстори на гастрономијата. Учествуваше и во неколку готварски шоуа, а на ред е и шоуто на Доналд Трамп „The Celebrity Apprentice“, каде се пријави како учесник.

СЕМ ТАЛБОТ

На овој список влезе уште како финалист на втората сезона на „Top Chef“. Неодамна се разведе од неговата сопруга Паола Гуереро, која е познат колумбиски модел и дизајнер на гардероба. Тоа значи дека сега е сингл. Ако сакате да го пронајдете, тогаш упатете се кон ресторанот „Монтаук“ каде е извршен менаџер. Или, бидејќи оваа година ќе биде дел и од кујната на Мондријан Хотел во Њујорк, тогаш право кон Сохо.

МАРКО ПИЕР ВАЈТ

Откако го напуштил средното училиште во Лидс, решил да биде готвач. Како 16-годишник пристигнува во Лондон со 7 фунти во џебот (окулу 500 денари), неколку книги и куфер со гардероба. Осум години подоцна е главен готвач и косопственик на Harvey’s, а ученици му се тогаш младите Гордон Ремзи и Хестон Блументал. Обожува театралност и ексцентричност, па затоа е дел од бројни инциденти. Освен што изгледа добро и на 50 години, духовит е и зборлив. Долгиот јазик често му прави проблеми. Како куриозитет – тој е најмладиот готвач што добил 3-та Мишленова ѕвезда во Британија. На Марко тоа му успеа со неполни 33 години.

Related Posts with Thumbnails